За нашата компанија
Компанијата “РИ-ЕПМ” Рударски Институт д.о.о.е.л., авторизиран и овластен сервис на SICK – Германија, постои од 1988 година како функционален дел од Рударскиот Институт од Скопје. Во август, 1997 година “РИ-ЕПМ” почнува да делува како независна компанија во приватна сопственост и која до денес постигнува важни и значајни резултати во својата област.
Вработените во “РИ-ЕПМ”, кои со степенот на едукација, искуството и пожртвуваното работење во голема мера се заслужни за постигнатите резултати, квалитетот и организираноста на компанијата воопшто.
Во “РИ -ЕПМ” се интегрирани експерти од секоја област – тргнувајќи од планирање и изготвување на документација за набавка на опрема, нејзина монтажа, пуштање во работен процес и гаранција за квалитет.
Со своето долгогодишно работење и егзистирање “РИ-ЕПМ” има воспоставено блиска соработка со компаниите и институциите кои работат на проекти во полето на екологијата и проекти поврзани со електронската и машинската индустрија од земјата и странство.
Освен што сме присутни во Македонија, нашите услуги ги даваме и во земјите од регионот, како: Бугарија, Албанија, Романија, Косово, Србија, Украина и др.
Области на дејност на Секторите во РИ-ЕПМ:
- Контрола на квалитет на воздух (сопствена апаратура за вршење на мерења на одредени компоненти);
- Контрола на концентрација на прашина и гасови (емисија) од индустриски објекти;
- Продажба, одржување, калибрирање и баждарење на уреди од реномираната германска фирма SICK MAIHAK за пратење на емисија на штетните гасови и процес на технологија во индустриски објекти;
- Информатичка и комуникациска технологија вклучително со процесирање, контролирање и сервисирање. Овој сектор исто така се занимава со продажба на наменски компјутери, компјутерски делови и софтвер.
Нашата компанија во 2010 година и во 2013 година се здоби со престижниот сертификат за квалитет ИСО 9001. Истите можете да ги погледнете на следните линкови:
- Сертификат МКС EN ISO/IEC 17025:2006; ЛК-010 2015 година
- Сертификат МКС EN ISO/IEC 17025:2006; ЛТ-056 2015 година
- Сертификат ISO 9001 : 2015
- Сертификат ИСО 9001 - 2013 година
- Сертификат ИСО 9001 - 2010 година
Врската помеѓу процесите во РИ-ЕПМ може да се види на следната шема: