РУДАРСКИ ИНСТИТУТ - ЕПМ д.о.о.е.л.


Цел и Политика за Квалитет

Како една од основните цели на раководството на РИ-ЕПМ д.о.о.е.л., Скопје, е востановување на препознатлив квалитет на производот / услугата, односно реализирање на барањата и очекувањата на клиентите како на домашниот, така и од регионалниот пазар, согласно спецификацијата и според законските прописи.

Основната цел се постигнува со реализација на следните одредби:

  • Системско управување со процесите;
  • Да оствари, одржува и да ги подобрува севкупните организациски перформанси и можности;
  • Ги идентификува и задоволи потребите и очекувањата на своите корисници, клиенти и останатите заинтересирани страни (вработените во организацијата, клиентите, содружниците, општеството), да постигне конкурентска предност како во Македонија така и во регионот, а при тоа сето тоа да се направи на ефективен и ефикасен начин;
  • Рационална употреба на ресурсите;
  • Професионален однос со персоналот / вработените;
  • Партнерство со клиентите и добавувачите;
  • Постојан развој на свеста на вработените за одговорноста во извршувањето на барањата на клиентите и достигање на бараниот квалитет при давањето на услугите;
  • Почитување на техничките и законските прописи;
  • Ги применува принципите на менаџментот со квалитет. Со нивната примена не само што ќе се добие директна корист, туку исто така, ќе се постигне значајност во менаџирањето како со поволностите, добивката така и со трошоците и ризиците.

За достигнување на сопствените цели во врска со реализација на барањата за производи т.е. услуги, управувањето со процесите и достигнување на крајната цел, а тоа е задоволување и надминување на очекувањата и желбите на клиентите преку реализација на процесите и другите барања, во РИ-ЕПМ воспоставен е и се применува Систем за управување со квалитет усогласен со барањата на стандардот ИСО 9001:2008.

Одговорноста за реализација на системот за управување со квалитет е на целиот персонал на РИ-ЕПМ д.о.о.е.л., Скопје.

РИ-ЕПМ со самото разгледување и размислување на ниво на целата организација за поволностите, трошоците и ризиците воспостави и применување на Системот за управување со квалитет, може да влијае на:

  • Управување со квалитет на процесите за производите / услугите;
  • Реализација на политиката за квалитет;
  • Постојано подобрување на квалитетот на производите / услугите;
  • Постојаноста при работењето и стекнувањето на соодветна референца;
  • Работни резултати, како што се приходот и учеството на пазарот;
  • Флексибилно и брзо реагирање и прилагодување на приликите на пазарот;
  • Квалитетно, ефикасно и ефективно докажување на способноста на РИ-ЕПМ на надворешниот пазар;
  • Реализација на барањата на клиентите;
  • Надминување на очекувањата и достигнувања на задоволство на клиентите;
  • Лојалноста на клиентите;
  • Определување на општи и посебни цели;
  • Поврзување на процесите кои најдобро ќе ги постигнат посакуваните резултати;
  • Конкурентска предност и подобрување на организациските можности;
  • Разбирање и исто времено и мотивирање на вработените во врска со општите и посебните цели на организацијата, како и нивно учество во постојаното подобрување;
  • Користење на ресурсите;
  • Доверба на заинтересираните страни во ефективноста и ефикасноста на РИ-ЕПМ, која доверба се покажува низ финансиската и општествената корист од перформансите на организацијата, преку циклусот на траење / употреба на производот и секако угледот;
  • Способноста да се створи вредност или препознатливост како за самата организација, така и за нејзините клиенти корисници;
  • Воспоставување на постапки за контрола, надзор и мерење на влијанијата кои се идентификувани како значајни;
  • Исполнување на барањата на стандардот ИСО 9001:2008;
  • Исполнување на барањата на стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2006.

Структурата на, е прилагодена на структурата на организацијата и дејноста на РИ-ЕПМ, и е усогласена со структурата на стандардот ИСО 9001:2008, а се применува за постојано подобрување и оптимизирање на процесите во РИ-ЕПМ.

Раководството во согласност со интересите на содружниците, ја утврдува мисијата и визијата на РИ-ЕПМ, стратешките и годишните цели за квалитет, како и општите и посебните цели.

Политиката за квалитет и Стратегијата на РИ-ЕПМ, се реализирани во рамките на организационата структура на РИ-ЕПМ, преку процесите и постапките кои се идентификувани и утврдени со документацијата на Системот за управување со квалитет (ИСО 9001:2008).

Секторите во РИ-ЕПМ согласно законските барања, очекувања на општеството и барањата на клиентите и околината ги реализираат процесите утврдени во Мисијата и Визијата на организацијата.

Реализацијата на Системот за управување со квалитет во РИ-ЕПМ подразбира издавања на Прирачник одобрен за употреба од Управителот. Прирачникот за Системот за управување со квалитет е воспоставен согласно стандардите ИСО 9001:2008.

Управителот во соработка со сите одговорни лица т.е. раководството од различните сектори на Друштвото „РИ-ЕПМ“, за извршување на активностите и процесите на целата структура на организацијата, на основа на определбата за постојано подобрување на квалитетот на работните процеси, производите / услугите, дефинира Политика за квалитет, во која е јасно изразена определбата за постојан развој во полето на технички и интелектуални услуги во доменот на проектирање, инженеринг, изведба и техничка поддршка во мерно – регулациската опрема за индустриски објекти и консалтинг и при тоа секогаш да бидат исполнети барањата на СМК.

Политиката на квалитет го изразува разбирањето, определбата, стратегијата и одговорноста на водечкото раководство за обезбедувањето на квалитет и професионалност при одговорот и реализација на барањата, очекувањата и задоволството на клиентите, вработените, содружниците и државата.

Управителот е одговорен Политиката за квалитет да биде секогаш достапна, разбрана и поддржана од вработените на РИ-ЕПМ.

Целта на Системот за квалитет спроведен и воспоставен во нашата организација, е да се применуваат и спроведуваат сите начела и принципи за целосен квалитет во сите нејзини активности и сегменти. Што значи:

  • Систематски да се планираат и управуваат активностите и ресурсите;
  • Да се разберат, дијагностицираат и координирано раководат поврзаните процеси како една целина;
  • Постојано да се усовршува Системот за квалитет, и на тој начин да се подобрува работата на компанијата;
  • Со планирање, проектирање, воведување нови технологии, намалување на трошоците, развојот во процесот на производство и давањето услуги да се усовршува Системот на квалитет;
  • Со давање квалитетни услуги и производи, според стандарди за висок квалитет, а усогласени со условите и барањата на важечките регулативи да се одржува реномето и доброто име на фирмата;
  • Со поефикасна комуникација и известување на клиентите во врска со нивните потреби, барања и рекламации да се зголеми ефикасноста во задоволување на нивните потреби;
  • Квалификуваност, обука и мотивација на вработените;
  • Партнерски односи со добавувачите и секако;
  • Грижа како кон клиентите / корисниците така и грижа кон заедницата и животната средина.

Во „РИ-ЕПМ“ со Системот за квалитет се опфатени сите активности и фактори (опремата, услугата, ресурсите, вработените) исто како и клиентите, и се само со една цел: да се воспостави поврзаност во корист на сите учесници. Водечкото раководство на РИ-ЕПМ, во Политика на квалитет дефинира МОТО, со кое постојано го поттикнува персоналот за реализација на бараниот квалитет, договорните обврски и достигнувања на дефинираните цели. Основна цел на нашата организација е запазувањето на процедурите и методите, исполнување на стандардите за квалитет, постојано подобрување, усовршување во работата, ефикасноста во комуникациите - што всушност ќе ги запазиме и основните начела на Системот за квалитет.

Управителот, како и одговорните лица по сектори, се должни целосно да го применуваат и усовршуваат Системот за квалитет. Со анализи на податоци и информации и чести комуникации со клиентите, добавувачите и вработените – секој лесно ќе може да ги следи и применува во сите активности и основните принципи на Системот за квалитет.

Се гордееме со тоа што нашите мерни уреди се наменети за задоволување на потребите и желбите дури и на најпребирливите купувачи, а кога станува збор за односот кон крајниот потрошувач, за нас едноставно нема компромиси - довербата секогаш се темели врз двата исти основни принципи: искреност и професионалност - што е всушност и нашето мото.